Аткинсоновата диета моментално е една од најпребаруваните на Гугл. Оваа диета се состои од јадење храна која содржи големо количество на протеини со едвај забележлив процент на јаглехидрати. Креатор на овој режим е познатиот Роберт Аткинс, а бројот на ѕвезди кои го пробале е значителен.
Исхраната се состои од три фази. Исто така, постои и четврта фаза која всушност е одржување на постигнатото.
Во првата фаза, внесот на јаглехидрати е ограничен на само 20 грама дневно. Времетраењето на оваа фаза е 2 недели. Во втората фаза доаѓа до бавно внесување на јаглехидрати, особено преку зеленчукот, а во третата фаза се формира оптимална количина на јаглехидрати кои човекот би можел да ги консумира подолг временски период без да има проблеми со тежината. На луѓето кои ја следеле оваа диета им се советува да продолжат со ограничен внес на јаглехидрати и по постигнување на саканата тежина, а тоа е четвртата фаза.
Кога јаглехидратите се елиминираат од дневните оброци, црниот дроб ги претвора масните наслаги во гликоза, а дополнителните продукти од таа синтеза се токсичните кетони. Кетоните го потиснуваат апетитот, што значи дека јадете помалку и слабеете. Бидејќи внесувањето на витамини и минерали не се разгледувало преку исхраната, авторот на диетата препорачал земање витамински таблети кои ќе го компензираат очигледниот дефицит на витамини и минерали.
Диетата Аткинс не го ограничува внесот на протеини. Можете да јадете месо, риба и јајца без ограничување. Сирење, зеленчук, маслинки, масла и масти се јадат во ограничени количини. Алкохолни пијалаци, шеќер, овошје, млеко, јогурт, житарки, производи од брашно и слатки се целосно забранети.
Поради намалениот внес на јаглехидрати, Аткинс диетата предизвика бројни контроверзии. Некои студии покажаа дека долготрајното спроведување би можело да влијае на менталното здравје и да предизвика мрзоволност, замор и летаргија. Ваквите симптоми биле особено видливи кај жените чии промени во расположението биле поинтензивни. Исто така, ризиците се зголемена содржина на триглицериди во крвта, како и зголемена содржина на заситени масни киселини. Од друга страна, друга студија покажа дека диетата Аткинс е најефикасна за слабеење во споредба со три контролни диети.
Прва фаза
Целта на првата фаза од диетата е промена на метаболизмот. Внесувањето на јаглени хидрати е ограничено на 20 грама дневно. Како тоа изгледа во пракса? Имено, за појадок можете да јадете омлет од две јајца со шунка или сланина, за ручек стек на скара, а за вечера варена риба. Првата фаза трае 14 дена.
Втора фаза
Тоа вклучува губење на телесна маса преку потрошувачка на резервите на маснотии. Дневниот внес на јаглехидрати е ограничен на 15 до 40 грама. Значи, месо, зеленчук (ниско количество јаглехидрати) и тоа е тоа.
Третата фаза
Јаглехидратите се воведуваат постепено, но се ограничени на максимум 60 грама, оваа граница се пренесува и во 4-та фаза, што претставува одржување на постоечката намалена тежина.
Како делува?
Со целосно исклучување на јаглехидратите, нашите масни наслаги почнуваат да се топат. Во првите 6 дена губите 5 кг, секој нареден ден сте полесни за 1 кг. За 24 дена можете да изгубите до 20 кг.
Само бидете внимателни. Ако само еднаш изедете парче леб или некоја ситница која содржи јаглехидрати, телото ќе го блокира топењето на масните наслаги. Не треба да се јаде храна која содржи јаглени хидрати. Оваа диета можете да ја следите онолку денови колку што сакате да изгубите тежина. Кога ќе ја достигнете саканата тежина, телото нема да се здебели одредено време, дури и година или две. Оваа диета не е за секого! Поради изобилството на протеини, луѓето со здравствени проблеми треба да се консултираат со лекар пред да започнат со диета.
Забранета храна
Леб, компири, брашно, ориз, соја, грашок, презла, пржено месо, тестенини, кикиритки, мушмули, лешници, виршли, запршка, маргарин, шлаг, шеќер, чоколадо, разни солени и слатки грицки, сладолед, секаков вид сирење, ништо од овошје...
Јадете во ограничени количини
Млечни производи - млеко, путер, кисело млеко и павлака, јогурт. За да го надополните витаминскиот дефицит што ќе настане поради нејадење на горенаведените намирници, земете витамини: Ц, Е, А, Б, калциум и магнезиум.
Храна што можете да ја јадете
Сите видови месо: говедско, пилешко, телешко, свинско, јагнешко, гуска, патка, мисирка, сите видови внатрешни органи, дивеч на сите начини - освен похувано - варено, печено, скара, може да се јаде и чварки, но без леб, сушено месо, колбаси освен виршли...
Риба во сите можни форми: морска риба, слатководна риба, сите видови конзервирана риба.
Сите салати: Свежа зелена, свежи или печени пиперки, домати, краставици, свежа или кисела зелкна, салата од морска храна, салата од кромид, свеж спанаќ. Сите салати зачинете ги со масло, оцет, сол, бибер... ајвар - по желба.
Инаку, оваа популарна диета ја следела и Ким Кардашијан кога сакала да се вовлече во фустанот на Мерлин Монро од 1962 година. Меѓутоа, за да се вовлече, Ким за краток период морала да ослабне најмалку 10 килограми, па се префрлила на Аткинс диетата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата