logo
logo
logo

Анкета во Германија: Генерацијата Зет со највисоки нивоа на стрес

Vecer | 24.02.2026

Анкета во Германија: Генерацијата Зет со највисоки нивоа на стрес

На анкетата 48 отсто од испитаниците од Зет-генерацијата (родени меѓу 1997 и 2012) рекле дека доживеале прилично висок или многу висок стрес на работа, учење или обука, двојно повеќе од 20 отсто меѓу генерацијата бебе-бум (родени 1946 - 1965). Анкетата на 2.004 возрасни лица е спроведена во октомври и е репрезентативна за населението на Германија на возраст од 18 години и повеќе.

Зет-генерацијата е наследник на милениумците (родени 1981 - 1996), Икс-генерацијата (1965 - 1980) и на бебе-бумерите. По последниве, според анкетата, пријавените нивоа на стрес се зголемуваат со секоја наредна возрасна група.

Севкупно, 82 отсто од испитаниците рекле дека претрпеле барем еден симптом поврзан со стрес во последните три месеци до мигот на испрашувањето. Најчеста поплака била главоболката (55 отсто), нарушувања на спиењето (48 отсто) и внатрешен немир (47 отсто).

- Тоа што многу луѓе пријавуваат висок стрес и покрај технолошкиот напредок и опциите за работа од дома е предупредувачки знак... Менталните болести со години се меѓу главните причини за попреченост стекната при работа - појасни Дирк фон дер Крон, раководител на „Свис лајф“ за Германија.

Според мултинационалната осигурителна компанија, фирмите би можеле да сторат повеќе за да го намалат стресот кај вработените. Речиси четвртина од испитаните вработени лица изјавиле дека нивните работодавци не нудат мерки за намалување стрес. А онаму каде што постоеле мерки, тие биле претежно ограничени на флексибилно работно време (35 отсто) и опции за работа од дома (31 отсто). 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk