logo
logo
logo

Анкета на независниот центар „Левада“ : Мнозинството Руси имаат чувство дека се опкружени со непријатели

Vecer | 28.01.2026

Анкета на независниот центар „Левада“ : Мнозинството Руси имаат чувство дека се опкружени со непријатели

Ваквата перцепција е резултат на немилосрдна антизападна пропаганда, смета рускиот социолог Лев Гудков, презентирајќи ги вчера наодите во Берлин.

Во име на германската фондација „Сахаров“, центарот ги испита ставовите на Русите по речиси четири години војна во Украина.

Овој центар во Русија е класифициран како „странски агент“, појаснува германската агенција.

Во изминатите повеќе од 30 години од распадот на Советскиот Сојуз, Русија имаше само шест години без војна, рече Гудков, зборувајќи за „милитаризацијата на свеста“.

Меѓу повеќе од 1.600 испитаници, 62 отсто ги опишаа Полска и Литванија како непријателски земји, по што следат Обединетото Кралство (57 отсто), Германија (50 отсто) и Шведска (40 отсто). Во меѓувреме, Русите САД претежно ги сметаат за конкурент, а не за непријател (53 отсто).

Замолени да набројат пет пријателски земји, испитаниците најчесто ги наведуваат Белорусија, Кина, Казахстан, Индија и Северна Кореја. Со исклучок на Индија, остантите четири земји се сметаат за репресивни или авторитарни држави, појаснува ДПА.

Сликата за САД меѓу Русите во текот на децениите се менуваше во зависност од тоа кој е на чело на администрацијата во Вашингтон. Имено, таа слика беше драстично влошена под лидерстовото на поранешниот американски претседател Џо Бајден поради поддршката на САД за Украина, рече Гудков, но се подобри кога Доналд Трамп ја презеде функцијата, зголемувајќи ги надежите за брз крај на војната, пренесе ДПА. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk