logo
logo
logo

Американските власти пронајдоа слабости во обезбедувањето квалитет на Боинг

Vecer | 27.02.2024

Американските власти пронајдоа слабости во обезбедувањето квалитет на Боинг

Во одделот за комерцијални авиони, како што јави ДПА, комисијата на ФАА не најде стандардизиран и јасен начин за вработените да пријават недостатоци во квалитетот.

-Вработените не разбираат како да ги користат различните системи за известување и кој систем да го користат кога, се вели во извештајот, кој беше објавен вчера.

Како што се наведува во извештајот, генерално, постои конфузија меѓу вработените за нивната улога во управувањето со безбедноста.

-Процедурите и обуката се сложени и во постојана состојба на промена, создавајќи конфузија на вработените особено меѓу различните работни места и групи на вработени, се вели во извештајот.

Како дел од истрагата, комисијата побарала и од Боинг да докаже дека безбедноста е врвен приоритет.

-Но, документите, интервјуата и разговорите со вработените не покажаа дека Боинг е фундаментално посветен на целта како што тврдеше самата компанија, се вели во извештајот.

Како одговор на наодите, Боинг нагласи дека ја поддржал комисијата на ФАА во нејзината работа и веќе презела мерки за подобрување на квалитетот. Извештајот ќе се анализира и ќе се донесат заклучоци за понатамошни мерки.

Производителот на авиони моментално е под зголемен притисок да ги подобри контролите на квалитетот по драматичниот инцидент во јануари.  

Дел од трупот на практично новиот 737-9 MAX со повеќе од 170 луѓе во него се откина од телото на авионот набргу по полетувањето, но немаше сериозно повредени.

По истрагата, Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД (NTSB) утврди дека недостасуваат завртки за прицврстување на таканаречениот приклучок на вратата. Главниот извршен директор на Боинг, Дејв Калхун ја презеде одговорноста за грешката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk