logo
logo
logo

Американскиот министер за здравство Кенеди и музичарот Рок во кампања за здрав живот

Vecer | 18.02.2026

Американскиот министер за здравство Кенеди и музичарот Рок во кампања за здрав живот

Кенеди го објави видеото и на својот профил со порака дека „ги здружил силите со Кид Рок за да пренесе две едноставни пораки до американскиот народ: БИДЕТЕ АКТИВНИ + ЈАДЕТЕ ВИСТИНСКА ХРАНА.

Рок е американски музичар, кој стана познат кон крајот на 90-тите години од минатиот век. Тој изминатите години отворено ги поддржува политиките на претседателот Доналд Трамп и републиканците и често учествува во политички кампањи.

Во видеото Кенеди и Рок вежбаат, пливаат во базенот, а американскиот министер нурка во ледена бања. На крајот, тие пијат чаша полномасно млеко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk