logo
logo
logo

Американски турист оставил кесичка со чипс во пештера, ренџерите во паника

Vecer | 10.09.2024

Американски турист оставил кесичка со чипс во пештера, ренџерите во паника

Грицките се забранети, а кесичка полна со чипс што некој посетител неодамна ја фрлил имала големо влијание врз екосистемот на пештерата, напишале чуварите на паркот во објава на Фејсбук.

„Од човечка перспектива, истурената кеса со закуски може да изгледа тривијално, но е исклучително важна за животот во пештерата“, се вели во објавата за ѓубрето пронајдено покрај патеката во Големата соба. „Преработената пченка, омекната од влагата во пештерата, создаде совршена средина за живеење на микробите и габите. Пештерски штурци, грини, пајаци и мушички наскоро се организираат во привремен синџир на исхрана, расфрлајќи ги хранливите материи во околните простори и формации и се шират на блиските површини, раѓаат плодови, умираат и смрдат, а циклусот продолжува“.

Ренџерите потрошиле 20 минути внимателно отстранувајќи мувла и остатоци од површините внатре во пештерата, истакнувајќи дека делови од екосистемот што настанале од чипсовите се вообичаени во пештерите, но дека многу микроби и мувла не се. За ваквите последици, велат дека можело да се избегне, иако има и фини и мали траги што ги остава секој посетител и кои тешко се спречуваат.

„Без разлика дали се големи или мали, сите оставаме траги каде и да одиме. Да го оставиме светот подобро место отколку што го најдовме“, ги повикуваат посетителите на паркот.

На веб-страницата на паркот се наведува дека конзумирањето што било друго освен обична вода ги привлекува животните во пештерата.

Големата соба во Националниот парк Карлсбад Кавернс е најголемата единечна пештерска комора по волумен во Северна Америка. До неа е пристапна релативно рамна патека долга два километри. Пештерата е формирана пред милиони години кога сулфурна киселина го растворила варовникот, создавајќи пештерски премини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk