По девет месеци на море, со стотици морнари и авиони кои постојано полетувале/слетуваат, тој сакал малку тишина - и така стигнувал до интересната локација.
Хер се согласил да поминува време во тогашната „најтивка соба на светот“, како дел од лабораторијата Орфилд во Минеаполис, која била вклучена во Гинисовата книга на рекорди, пренесува LadBible.
Таканаречените анехоични комори постојат на неколку локации во светот, на пример во компанијата Мајкрософт во Ричмонд. Можеби звучат како „блаженство“ - ако сакате мир и тишина, но кога ќе ги слушнете ефектите што ги предизвикуваат, може да се предомислите.
Но, назад на Хер. Тој бил желен да се врати во нормален живот, откако поминал време на отворено море и спиел во соба со 100 морнари. Покрај секојдневните обврски, тој поминувал време шетајќи по шумата во близина на неговиот дом во северниот дел на Њујорк.
Но, тоа не било доволно, па „најтивката соба на светот“ звучела како примамлива опција. Во друштво на новинари, тој дојде во Минеаполис и влезе во комора со специјална изолација, која апсорбира импресивни 99,99% од звуците.
Така, додека престојувате во неа, ништо не се слуша, но по неколку минути ви се појавува зуење во ушите. Оние кои поминале време во необичната соба велат дека слушнале „чукање на срцето, работа на белите дробови и стомакот“.
Хер мислел дека тоа е идеалното место за „враќање во фокусот“. Пред него, во комората престојувал и новинарот на NBC News, Гери Сандерс. Тој го опиша „интензивниот притисок“ што го чувствувал и рече дека ја држел устата отворена за да го изедначи притисокот.
„Чувството е слично како кога возите автомобил на планина. Освен тоа, прилично сум сигурен дека ја слушнав крвта што ми тече низ вените“, рече Сандерс откако поминал пет минути во „најтивката соба на светот“.
И покрај првичната загриженост, уморниот морнар останал во комората повеќе од еден час, а по необичната авантура Сандерс влегол да ја провери неговата состојба. Хер рече дека се чувствува „гроги“ но дека целото искуство било „интересно“.
На прашањето дали сè уште слуша авиони како полетуваат и слетуваат, тој одговори: „Не сега, сѐ е избришано“. Така поморскиот офицер го добил очекуваниот мир и тишина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата