logo
logo
logo

Американска компанија оживеа вид на волк кој изумрел пред 12.500 години

Vecer | 08.04.2025

Американска компанија оживеа вид на волк кој изумрел пред 12.500 години

Тие моментално се чуваат на тајна локација во САД.

Трите младенчиња, кои се на возраст од три до шест месеци, имаат долго бело влакно, мускулести вилици и веќе тежат околу 35 килограми, велат од компанијата.

 Овие таканаречени страшни волци се многу поголеми од сивите волци, кои се нивните најблиски роднини денес.

За да ги оживеат волците, научниците користеле древна ДНК, клонирање и технологија на уредување гени за да ги изменат гените на сив волк.

 Резултатот е хибриден вид кој има сличен изглед со изумрениот предок. Овој вид на волк кој беше инспирација за серијата „Игра на тронови“, своевремено бил главниот предатор во Северна Америка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk