logo
logo
logo

Американска двојка доби здраво бебе од ембрион што бил замрзнат 31 година

Vecer | 01.08.2025

Американска двојка доби здраво бебе од ембрион што бил замрзнат 31 година

Линдзи и Тим Пирс го добија синот Тадеус Даниел Пирс во саботата. Таа изјави за „МИТ технолоџи ривју“ (MIT Technology Review) дека нејзиното семејство гледа на тоа „како на нешто од научнофантастичен филм“. Се верува дека ова е најдолгото време кога ембрион бил замрзнат пред да резултира со успешно раѓање т.е. живородено дете. Претходниот носител на рекордот беа близнаци родени во 2022 година, од ембриони замрзнати во 1992 година.

Пирсови се обидувале да имаат дете седум години пред да одлучат да преземат ембрион што Линда Арчерд (62) го создала со својот тогашен сопруг, во 1994 година, преку ин-витро оплодување.

Арчерд првично создала четири ембриони. Од еден се родила нејзината сега 30-годишна ќерка, а другите три биле оставени во складиште. И покрај разделбата од сопругот, таа не сакала да ги уништи ембрионите, туку наместо тоа, ги дарувала за истражувањето и ги дала на другото семејство. Таа сега вели дека е важно да биде вклучена во животот на бебето, бидејќи така тој ќе биде поврзан со нејзината возрасна ќерка.

Клиниката за ин-витро оплодување во Тенеси, каде што двојката ја извршила постапката - „Риџојс фертилити“ (Rejoice Fertility), изјави дека целта била да ги префрли сите ембриони што ги добиле, без оглед на староста или состојбата. Пирс рече дека таа и нејзиниот сопруг „не се стремеле да уриваат рекорди“, туку „едноставно - сакале да имаат дете“.

Арчерд изјави дека веќе можела да види сличност со нејзината ќерка. 

Извор: Кликс

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk