logo
logo
logo

Американка откри КАЧАМАК, го нарече ВЕГАНСКИ ПУТЕР (ВИДЕО)

Vecer | 27.05.2021

Американка откри КАЧАМАК, го нарече ВЕГАНСКИ ПУТЕР (ВИДЕО)

Карли Бодруг е ТикТокерка, која ја следат скоро 600.000 луѓе и експериментира со храна и снима сè што подготвува во кујната. Сега таа сподели видео што беше повеќе од интересно за луѓето во нашиот регион.

Таа подготви качамак, односно палента, во зависност од тоа што како нарекувате но, таа го нарекува „вегански путер“.

Таа го подготвува слично како нас: пченкарно брашно, сол, вода... Само, го става во фрижидер, да се стегне и да се шири како леб. Исто како путерот.

Видеото од ТикТок се прошири и на нашите социјални мрежи - на некои им е чудно што некој го претставува овој рецепт како нов, на други не им е јасно зошто вика путер.

Како и обично, мнозинството започна дебата дали е качамак или палента.

@plantyouVegan spreadable butter #butter #vegan #plantbased #easyrecipe #cookingtiktok

♬ Butter - 방탄소년단 (BTS)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk