logo
logo
logo

„Ако се вакцинирате ќе станете хомосексуалци„-ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА СВЕШТЕНИК

Vecer | 09.02.2021

„Ако се вакцинирате ќе станете хомосексуалци„-ШОКАНТНА ИЗЈАВА НА СВЕШТЕНИК

Аббас Табризиан, свештеник од Иран на својте следбеници им рекол дека вакцината против коронавирусот „ги претвора луѓето во хомосексуалци“, што во Иран се казнува со смрт.

„Не се приближувајте на тие кои се вакцинирани. Ќе станете хомосексуалци, напишал Тибризиан на една социјална мрежа.

Тој 59-годишен Иранец е познат по промовирање на фанатизам и лажни вести за западната медицина. Така минатата година пред камери го запали „Харисоновиот медицински прирачник“ тврдејќи дека исламската медицина ги направила таквите книги ирелевантни.

„Kако и другите свештеници во режимот, и Табризиан сите недостатоци ги поврзува со сексуалноста – изјавила иранската дисидентка Шеина Војоуди во разговор за Ерусалим Пост.

„Свештениците во Иран патат од недостиг на знаење и човечност. Впрочем, нивна цел е да се обидат да ги исплашат луѓето од вакцинацијата, додека водачите на режимот и други функционери ја добиле вакцината Фајзер, а не ги даваат на луѓето со изговор дека не треба да му се верува на Запад – додала таа.

За потсетување, иранскиот врховен водач Али хамнеи забрани на почетокот на годината увоз на вакцини од САД и Велика Британија, опишувајќи ги тие западни сили како недоверливи. Пред две недели Иран ја доби руската вакцина Спутник V.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk