logo
logo
logo

АКО ИМАТЕ ПЛИНСКА БОЦА ВО ВАШИОТ ДОМ ТОГАШ ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Зошто експлодираат и што никако не смеете да правите со нив?

Vecer | 31.05.2021

АКО ИМАТЕ ПЛИНСКА БОЦА ВО ВАШИОТ ДОМ ТОГАШ ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Зошто експлодираат и што никако не смеете да правите со нив?

Постојат многу домаќинства на Балканот, а и во Македонија кои користат плински боци во своите домови. Се со цел да проверите дали е исправна, најдобро е да

Доколку влезете во домот и почувствувате горчлив мирис во воздухот, тоа значи дека боцата испушта плин. Во вакви ситуации потребно е да се отворат сите прозори и врати, и никако не смеете да ги допирате прекинувачите за струја.

Сведоци сме на ужасни несреќи кои се случуваат поради експлозија на плински боци, во кои за жал се губат човечки животи. Последната несреќа се случи денес на улицата "Чика Љубина" во Белград каде експлодирала плинска боца, а повредени се шест лица, од кои едно е во тешка состојба и пренесено на реанимација.

Секоја плинска боца мора да има регуларот, гумичка, заштитно капаче и сигурносен вентил.

Со цел потрошувачите да бидат сигурни дека уредот е атестиран потребно е истиот да го купат од овластен продавач кој гарантира безбедност.

Доколку долго време користите плинска боца, морате да ја контролирате исправнста на цревото бидејќи ако е старо и долго се користи можно е да дојде до ситни пукнатини кои не можат веднаш да се приметат.

За да проверите цревото треба да го премачкате со сапуница од детергент за садови и да го пуштите плинот, доколку се прават меурчиња, тоа е знак дека цревото не е добро и треба да се замени.

Боците не смеете да ги држите под нивото на земјата.

Боцата секогаш треба да стои во вертикална положба.

Кога ја користите боцата, поставете ја на пропишано растојание од изворот на топлина и изворот на палење (на пример, два метри од шпоретот на дрва или еден метар од шпоретот кој е поврзан со плинската боца)

На боцата никако не смеете да ставате запаливи материјали како весници, крпи, запалки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk