logo
logo
logo

Аеродром на Нов Зеланд воведе чудно правило- забрането е гушкање подолго од три минути

Vecer | 22.10.2024

Аеродром на Нов Зеланд воведе чудно правило- забрането е гушкање подолго од три минути

Додека едни ја критикуваат одлуката на аеродромот, други сметаат дека мерките се оправдани и праведни за сите патници.

Оние што ќе ги пречекаат најблиските на аеродромот Данедин во Нов Зеланд ќе мора да се прегрнат и да се збогуваат исклучително брзо откако се воведени новите правила во областа на поаѓања. На новата табла поставена пред зградата на терминалот пишува „Максималното време за гушкање е три минути. За поискрено збогум, искористете го паркингот“.

Иако пораката звучи „ладно“ и очигледно не ги зема предвид емоциите на патниците и нивните најблиски, аеродромот има објаснување за новововедените мерки.

Директорот на аеродромот Ден Де Боно изјави за Радио Нов Зеланд (RNZ) дека во минатото, многу луѓе долго се задржувале пред терминалот и дека немало место за сите што требало да излезат од своите автомобили и да влезат на аеродромот. Воведени се нови мерки за да им се овозможи на сите да се збогуваат со пријателите и семејството пред да се качат на нивниот лет.

Според него, Данедин не сакал да воведе порестриктивни политики како казни како другите аеродроми. Тој рече дека нема да има „специјална полициска единица за гушкање“ која ќе го спроведува правилото, но персоналот може учтиво да ги замоли оние што се задржуваат подолго да ги преместат своите возила на паркингот, пишува „Гардијан“.

Одлуката на аеродромот предизвика различни реакции на социјалните мрежи. Некои ги критикуваат мерките како „нехумани“, додека други се согласуваат дека треба да има временско ограничување за да им се дозволи на сите да се збогуваат со пријателите и семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk