logo
logo
logo

КРАЈ НА ГОЛОТИЈАТА

Vecer | 12.05.2025

КРАЈ НА ГОЛОТИЈАТА

Канскиот филмски фестивал започнува овој петок, а новите правила значат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени облеки.

Непосредно пред отворањето на Канскиот филмски фестивал, организаторите одлучија за построги правила во врска со облекувањето на црвениот тепих, пишува Дејли Меил.

Во последниве години, некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените „голи“ фустани.

За да се обезбеди поголема „пристојност“, организаторите одлучија да ги забранат ваквите модни комбинации оваа година.

„Голотијата е забранета на црвениот тепих, како и во другите области каде што се одржува фестивалот“, се вели во официјалната одлука, која ја пренесуваат странските медиуми. Исто така, беше истакнато дека пристапот до фестивалот ќе биде одбиен на секој што не ги почитува наведените правила.

Сè уште не е познато дали телевизиските станици, кои го емитуваа настанот, имале влијание врз оваа одлука.

За потсетување, 78-то издание на фестивалот ќе се одржи од 13 до 24 мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk