Германската царина неодамна откри околу 1.500 тарантули на аеродромот во Келн.
Тарантулите биле скриени во пакети со бисквити од Виетнам. Младите пајаци биле затворени во мали пластични кутии.
Тие биле наменети за маж кој живеел во западна Германија, против кого била покрената кривична постапка.
Пријавен на царина како пратка со бисквити, пакетот тежел околу седум килограми.
Многу тарантули не го преживеале патувањето бидејќи не биле транспортирани во соодветни услови, соопштија царинските службеници, додавајќи дека мирисот при отварање на пакетот бил многу непријатен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата