logo
logo
logo

КЛИМАТСКИ ПЕКОЛ НАД ЗАПАДНА ЕВРОПА - Јуни и јули урнаа историски температурен рекорд

Vecer | 10.08.2026

КЛИМАТСКИ ПЕКОЛ НАД ЗАПАДНА ЕВРОПА - Јуни и јули урнаа историски температурен рекорд

Западна Европа го преживеа досега најтоплиот период во јуни и јули со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови, објави службата за климатски промени на европската програма „Коперник“.

Оваа измерена вредност е за дури 2,79 степени над просекот за јуни во периодот од 1991 до 2020 година. Мерењата покажаа дека екстремните температури беа најизразени во западниот дел од континентот, додека кон Источна Европа и Скандинавија температурите се намалуваа и беше значително посвежо.

Гледано за Европа во целост, изминатиот јули беше дури 11-ти најтопол во историјата, со просечна температура од 20,49 степени.

Западна Европа уште од крајот на пролетта се соочува со необично долг период на високи температури, при што од крајот на мај досега беа регистрирани дури четири топлински бранови.

На глобално ниво, изминатиот месец се израмни со јули 2024 година како втор најтопол јули во историјата, со просечни 16,9 степени — односно 1,47 степени над прединдустрискиот просек. Апсолутниот рекорд и понатаму го држи јули 2023 година со измерени 16,95 степени.

Базата на податоци на службата „Коперник“ датира од 1950 година, а за одредени параметри и од порано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk