logo
logo
logo

Ужас во Кина

(Видео) КОБРИ И ДРУГИ ОТРОВНИЦИ НАПАЃААТ НА УЛИЦИТЕ - Поплави ја отворија вратата од пеколот

Vecer | 10.07.2026

(Видео) КОБРИ И ДРУГИ ОТРОВНИЦИ НАПАЃААТ  НА УЛИЦИТЕ - Поплави ја отворија вратата од пеколот

Околу 900 змии, меѓу кои и отровни видови, се појавија во кинескиот град Хенгџоу откако обилните дождови и поплавите го погодија градот на југот на Кина, објавија денеска кинеските државни медиуми.

Во поплавите предизвикани од тајфунот Мајсак досега загинале 39 лица. Меѓу жртвите е и жена за која постои сомневање дека била касната од кобра што избегала од една од поплавените фарми за влекачи во тој регион, пренесува Си-Ен-Ен.

Уште неколку лица пријавиле каснувања од змии. Жители на градот на социјалните мрежи објавија ноќни снимки на кои се гледаат змии како пливаат низ поплавените улици со главите над водата.

Откако првично го минимизираа ризикот, локалните власти почнаа да издаваат предупредувања до населението, ангажираа тимови за фаќање змии, ги зголемија резервите со противотров и ги подготвија болниците за можни нови случаи на каснувања.

Освен змии, поплавите предизвикаа и бегство на други животни.

Од еден зоолошки парк во регионот избегале, меѓу другото, зебри, грбав вол, минијатурни коњи, магариња, ноеви, емуа и ракуни. Приватната зоолошка градина во Гуиганг ги предупреди граѓаните дека дел од избеганите животни можат да бидат агресивни кога се исплашени.

Сопственикот на зоолошката градина, Џин Фејфеј, изјавил дека персоналот за време на поплавите се обидел да ги заштити кафезите со грабливците, но три лава се удавиле.

Според локалните медиуми, поплавата однела и повеќе од 16.000 свињи, а спасувачките екипи користеле тешка механизација за нивно извлекување од водата.

Хенгџоу, кој се наоѓа во регионот Гуангси, е познат како кинеската „престолнина на јасминот“, но во последните децении прераснал и во едно од главните средишта за одгледување змии. Во регионот Гуангси се регистрирани повеќе од 100 видови змии, а според претходни податоци, до 2020 година таму имало речиси 20 милиони одгледувани змии на повеќе од 14.000 фарми.

Денес змиите главно се одгледуваат за потребите на фармацевтската и биомедицинската индустрија.

Тимовите за фаќање змии во Хенгџоу соопштија дека за само два дена фатиле меѓу 2.000 и 3.000 змии, претежно неотровни. Властите ги предупредуваат жителите да избегнуваат ноќни активности на отворено, висока трева и подрачја во близина на вода, каде што змиите најчесто се засолнуваат по поплавите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk