На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство вчера е донесена малолетничка со породилни болки. Мајката на девојчето е приведена, а со таткото е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител.
Надлежните органи започнале истрага за околностите под кои дошло до случајот, а се прибираат информации и докази за да се утврдат сите детали. Засега не се соопштуваат повеќе информации за состојбата на малолетничката, ниту за можни инволвирани лица.
Реакцијата на полицијата почнала по пријава на универзитетската клиника каде што девојчето било донесено да се породи.
– На 24.05.2026 во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата дека кај нив била донесена малолетната ќерка на С.К. со породилни болки. Со таткото на малолетничката Б.К.(38) извршен е службен разговор и известен е јавен обвинител-информира полицијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата