logo
logo
logo

“ГРЕВ КОЈ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО СУШЕЊЕ НА КИЧМА“: Доктор открива кога почнува мас*урбацијата и во кој случај е ЛОША

Vecer | 04.12.2021

“ГРЕВ КОЈ МОЖЕ ДА ДОВЕДЕ ДО СУШЕЊЕ НА КИЧМА“: Доктор открива кога почнува мас*урбацијата и во кој случај е ЛОША

Кога почнуваат да маструбираат и како да се поставите во таа ситуација?

Иако општеството се уште сеизбегава да разговара за неа, и ја смета за “срамотна“ и длабоко интимна, маструбацијата е сосема природна појава, а особено е изразена кај адолесцентите. Познато е дека го намалува стресот, опушта и посреќни сме, помага во несоницата и анкциозноста, а по едно истражување го јакне имунитетот.

Како да се поставите кога ќе откриете дека вашето дете мастрибуира,? На ова прашање зборува уролог професот др. Александар Милошевиќ и психолог Жељко Машовиќ.

Доктор Милошевиќ открива дека постојат докази дека до појава на сексуалноста доаѓа уште во мајчинта утроба.

“Забележано е допирање на гениталиите уште во мајчината утроба. Маструбацијата е составен дел на нашиот живот а табу тема станала поради црквата која искажала став дека тоа е ‘грев и дека може да доведе до сушење на кичмата’. За децата тоа е игра, тие така го запознаваат своето тело – објаснил урологот.

Кога се започнува?

И кај машките и кај девојчињата се појавува приближно во ист период. Кај машките деца до ерекција доаѓа и пред пубертет, додека кај девојчиња се јавуваат одредени реакции.

“Но се ова што се случува пред пубертетот нема врска со оргазмот, бидејќи тој е поврзан со хормоните. Маструбацијата е во тесна врска со развојот на хормони“, вели Милошевиќ и додава дека сексуалноста се развива со тек на време, а оргазмите се случуваат дури во пубертет,

Психологот Жељко Машовиќ објаснува дека машките и девојчињата на возраст од втора до трета година почнуваат сериозно да го истражуваат својот полов орган.

“Пријатност почнуваат да доживуваат дури во претшколска возраст. Допирање на таа возраст се јавува како извор на пријатност, или како начин да се надмине некоја непријатност. На родителите е да дознаат за што станува збор, бидејќи не е добро маструбација да биде начин да се совлада стресот и тагата. Родителите тука би требале да помогнат, детето да го смират со разговор и своето присуство“.

Како да се постапи во таа ситуација?

“Доколку воочите дека детето претерува во тоа, дека е опседнато, треба да му укажете и другу извори на задоволство. Помага и разговор, но најпрво обидететсе во разговор со детето да го решете проблемот со претерана маструбација“, советува Машовиќ.

А кај возраните? Дали е знак на сексуална исфрустрираност, немоќ...?

Урологот Милошевиќ напоменува дека маструбацијата сам по себе не е лоша, но никако не е добра ако таа е единствен извор на задоволство во возрасен период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk