Дете паднало во кома откако изело бомбони „Харибо“ за кои се покажало дека содржат канабис, потврди болницата "Ziekenhuisgroep Twente" во Холандија.
Станува збор за две деца - едно дете од градинка и едно од предучилишна возраст, пишува „NL Times“.
Портпаролот на болницата изјави дека поради заштита на приватноста, не можат да откријат повеќе детали, но нагласи дека инцидентот на почетокот не бил сфатен сериозно.
„На почетокот се шегувавме за тоа, но се покажа дека е многу посериозно отколку што мислевме“, рече портпаролот.
Двете деца биле префрлени во болницата во Алмело, а детето кое било во потешка состојба подоцна било префрлено во специјализирана установа.
Според последните информации, двете деца сега се чувствуваат добро и се опоравуваат.
Полицијата започна истрага за тоа како канабисот се нашол во комерцијално достапните бомбони.
Компанијата „Харибо“ вчера објави дека „олеснителна околност“ е тоа што децата се надвор од опасност и дека соработува со надлежните органи во истрагата. Официјалната причина за контаминацијата сè уште не е позната.
Како што беше објавено пред неколку дена, Холандската агенција за безбедност на храна и производи за широка потрошувачка (NVWA) објави дека во килограмските кесички бомбони „Haribo“ „Happy Cola F!ZZ“ (Хепи Кола Ф!ЗЗ) е пронајден канабис, поради што производот е повлечен од продажба низ целата земја.
Откритието следеше по извештаите дека неколку членови на едно семејство им се слошило откако го изеле производот, објави денес „NL Times“.
Досега се идентификувани само три кеси со бомбони контаминирани со канабис, но „Харибо“ ја повлекува целата серија како мерка на претпазливост.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата