logo
logo
logo

Јапонската принцеза која се откажа од титулата и парите за љубов, сега стана мајка: Веста е потврдена од палатата

Vecer | 03.06.2025

Јапонската принцеза која се откажа од титулата и парите за љубов, сега стана мајка: Веста е потврдена од палатата

Внуката на јапонскиот цар Нарухито, поранешната принцеза Мако (33) и нејзиниот сопруг Кеи Комуро станаа родители. Јапонското царско семејство е побогато за еден член.

Мако е поранешна принцеза бидејќи се откажала од титулата и привилегиите на царската куќа од љубовта кон својот сопруг. Инаку, веста за новороденчето ја потврдија од палатата во Токио, и според нив, и мајката и бебето се добро, но не открија кога се родило новороденчето ниту полот на детето, пренесува АП. Ова е првото дете на поранешната принцеза и нејзиниот сопруг, адвокат чија љубов ја подели Јапонија.

Да потсетиме дека Мако и Кеи се запознаа во 2013 година кога двајцата студираа на Меѓународниот христијански универзитет во Токио, каде што таа студираше уметност и културно наследство. Потоа продолжила да работи како специјален истражувач во Музејот во Токио. Таа, исто така, студирала историја на уметност во Шкотска и го одбранила магистерскиот труд на Универзитетот во Лестер во Англија во 2016 година.

Свадба проткаена со контроверзии

Мако ја изгуби својата кралска титула кога таа и Кеи Комуро го регистрираа својот брак, вообичаена ситуација за жените од лозата, но таа е првата во повоената историја на Јапонија на која ѝ е одбиена отштета.

Ќерката на помладиот брат на царот Нарухито со години е предмет на критики и одложувања околу планираниот брак со Кеио Комура, кој е критикуван поради обвинувањата дека нејзината мајка позајмила пари од нејзиниот поранешен вереник и одбила да му ги врати. Оваа кавга, која сè уште не е решена, предизвика скандал во Јапонија, каде што се очекува беспрекорно однесување од членовите на царското семејство. Свадбата потоа беше одложена, а Кеи Комуро се пресели во Соединетите Држави во 2018 година за да ги продолжи студиите по право.

Царската институција појасни дека свадбената церемонија, банкетот за прием и другите ритуали нема да се одржат и дека паушалниот износ што обично им се дава на жените од царското домаќинство кои се мажат за обични луѓе, кој изнесува 1,2 милиони евра, не е одобрен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk