logo
logo
logo

ТАА Е НАЈВИСОКА ЖЕНА ВО СВЕТОТ! По втор пат влегла во Гинисова книга на рекорди

Vecer | 14.10.2021

ТАА Е НАЈВИСОКА ЖЕНА ВО СВЕТОТ!  По втор пат влегла во Гинисова книга на рекорди

Румејса Гелги (24) од Турција ја понела титулата највисока жена во светот. Висока е 2 метри и 15 сантиметри, со што влегла во Гинисова книга на рекорди.

На Румејса од Карабука, дијагностициран и е Виверов синдром, ретко генетско пореметување кое се карактеризира со прекумернен раст. Таа во разговор потсетила дека во 2014 година ја добила титулата за највисока тинејџерка во свет. Кажала дека поднела барање за ново мерење и добивање титула за највисока жена во свет.

- Мојата висина повторно е измерена. Рекородот е потврден, горда сум што по втор пат сум светска рекордерка – рекла Гелги.

Гелги во 2014 година била висока два метри и 13 см. а нејзината висина на последното мерење изнесувала 2 метри и 15 сантиметри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk