logo
logo
logo

Што се крие во длабочините на мистериозниот „Бунар на пеколот“: Чудо на природата или "затвор за демони"? (ВИДЕО)

Vecer | 28.09.2021

Што се крие во длабочините на мистериозниот „Бунар на пеколот“: Чудо на природата или "затвор за демони"? (ВИДЕО)

Група омански спелеолози станаа првите луѓе што се спуштија на дното на познатата јеменска дупка Бархут, чудо на природата, која локалните жители ја избегнуваат затоа што веруваат дека е затвор за демони, а и туристите се држат подалеку од неа поради приказните дека „ги вшмукува и луѓето и животните што премногу ќе ѝ се приближат“.

Забранетиот „Бунар на пеколот“, официјално наречен Бархутски бунар, црна јама со тркалезен влез со дијаметар од 30 метри и длабочина од најмалку 112 метри, се наоѓа во пустинската Бархутска долина во источен Јемен, во провинцијата ал-Махра.

Оманските спелеолози на дното најдоа змии, животински трупови и пештерски бисери (сферични калцификати), но тврдат дека таму нема ништо натприродно.

„Страста нѐ натера на ова. И имавме чувство дека ова е нешто што ќе разоткрие нови чуда и дел од јеменската историја“, вели Мухамед ал-Кинди, професор по геологија на Технолошкиот универзитет во Оман.

Истражувачите пријавија дека долу нашле водопади, змии, мртви животни, сталагмити и пештерски бисери, но очекувано, не виделе ниту демони ниту порта кон пеколот, пренесува Лајв саенс.

„Има змии, но тие нема да ве чепкаат ако вие не ги чепкате“, вели тој.

[embed]https://youtu.be/vx9-a7SFHcw[/embed]

Ал-Кинди е еден од осумте искусни спелеолози што минатата недела се спуштија на дното на јамата. Останатите двајца од тимот останаа на врвот. Мала толпа бестрашни набљудувачи се собраа да го следат настанот, и покрај локалните стравови околу јамата.

„Зедовме примероци од вода, камења, почва и остатоци од мртви животни, кои сега треба да ги анализираме“, рече тој.

Официјалните претставници на Јемен во јуни признаа дека немаат поим што се наоѓа на дното на јамата, за која тие тврдат дека е „стара милиони години“, бидејќи никој досега не бил на самото дно.

Јеменските спелеолози и претходно се спуштаа во јамата, но најдлабоко имаа стигнато до половина пат до дното, односно ќе се спуштеле најмногу до длабочина од 50-60 метри, бидејќи во дупката има малку кислород и нема вентилација, но потоа ќе се повлекле на површината „поради необичната смрдеа“.

Во тој крај со векови кружат приказни дека во јамата живеат демони, а суеверните локални жители ја сметаат за врата кон пеколот. Тие дури неволно и зборуваат за неа, бидејќи и тоа носело лоша среќа. Но се чини дека оманските експерти немале проблем со смрдеата.

„Долу има остатоци од животни што упаднале таму и, се разбира дека мириса, но не е толку страшно“, рече Ал-Кинди.

Сепак, во реалноста, Бархутскиот бунар е една сосема обична јама.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk