logo
logo
logo

Ниту сопругата не му верувала кога го прашала како се вика: Тој цел живот морал да ги убедува луѓето дека се вика исто како познатиот волшебник

Vecer | 28.09.2021

Ниту сопругата не му верувала кога го прашала како се вика: Тој цел живот морал да ги убедува луѓето дека се вика исто како познатиот волшебник

Хари Потер од Манчестер целиот свој живот морал да ги убедува луѓето дека неговото име е идентично како името на волшебникот од романите на Џ. К. Роулинг.

Имено, овој Хари Потер од Манчестер деновиве е актуелен по социјалните мрежи бидејќи решил да ја продаде својата копија од книгата на Џ. К. Роулинг насловена “Хари Потер и каменот на мудроста” откако открил дека неговото издание е едно од ретките. Имено, вредноста на неговата копија од книгата се проценува на околу 30 илјади фунти.

Впрочем, се почнало во 1997 година кога неговиот татко, шокиран од популарноста на името на неговиот син и насловот на книгата решил да купи примерок од истата за неговиот 8 годишен син. А неговиот син, кој денес има 33 години цел свој живот го поминал убедувајќи ги луѓето дека неговото име е навистина Хари Потер.

-Луѓето едноставно не ми веруваа дека навистина се викам Хари Потер. Како момче често играв фудбал а судијата ми се закани со црвен картон бидејќи мислеше дека го лажам кога ме праша како се викам, вели Хари.

Тој и додава дека и неговата сегашна сопруга мислела дека ја лаже кога ја запознал на одмор во Грција.

Неговата сестра Кејти Сеин пак точно се сеќава на моментот кога Хари ја добил книгата од својот татко.

Имено, Хари и Кејти сакаат да ја однесат пепелта на нивниот покоен татко во Африка па поради тоа се решиле да ја стават оваа ретка копија на продажба со цел да соберат доволно пари за да го реализираат патувањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk