logo
logo
logo

Проектот ЕКО Авантура на ИЗВОРСКА ЈУНИОР продолжува!

Vecer | 28.01.2026

Проектот ЕКО Авантура  на ИЗВОРСКА ЈУНИОР продолжува!

Детскиот театарски проект на Компанијата Кожувчанка и Изворска Јуниор - „ЕКО авантура“ продолжува низ целата држава. Уште 60 претстави и вкупно 14.000 деца како дел од едукативниот караван!

По извонредниот успех на проектот во Скопје, компанијата Кожувчанка со гордост го најавува караванот кој продолжува низ училиштата и предучилишните установи низ целата земја со нови изведби.

А, „ЕКО авантура“ и натаму ја исполнува својата мисија. Преку театар, интеракција и игра таа ги едуцира најмладите за заштита на животната средина, рециклирање, создава здрави навики и учи на редовна консумација на вода. Претставата е во продукција на Триангл, а во режија на Десанка Глигоријевиќ, која на разбирлив и забавен начин ги поврзува едукацијата и креативноста.

Новата фаза предвидува можност и за двојазична изведба (македонски и албански), со што проектот станува уште подостапен и претставува редок пример на инклузивна, современа и образовна културна практика во земјата.

Како компанија, Кожувчанка со години вложува во општествено одговорни проекти што ги поддржуваат децата, најважните членови на нашето општество и нашата иднина.

Веруваме дека грижата за идните генерации започнува од најмала возраст, преку знаење, навики и вредности што ќе ја градат нашата заедничка иднина. Затоа се стремиме да ги поттикнуваме најмладите да учат, да истражуваат и да се развиваат со љубов кон природата, здравјето и средината во која живеат. “ - изјавија од компанијата.

А со „ЕКО авантура“, Кожувчанка уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон образованието, инклузијата и одржливоста, поддржувајќи ја најважната задача - да ги подготви децата за подобра и посвесна иднина!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk