logo
logo
logo

ВИДЕО

"Скалите до рајот" навистина постојат - но не уште долго: Забранети се за посетители, а од самиот поглед ќе ви се сврти во глава!

Vecer | 27.09.2021

"Скалите до рајот" навистина постојат - но не уште долго: Забранети се за посетители, а од самиот поглед ќе ви се сврти во глава!

Иако го носат името по познатата песна Лед Цепелин сепак тука завршува сличноста помеѓу овој евергрин и скалите кои се наоѓаат на Хаваите а поради кои од само еден поглед ќе ви се врти во глава.

Луѓето преферираат овие скали да ги нарекуваат „Скали кон рајот“ (Stairways to Heaven), но официјалното име им е Хаику. Тоа се 4.000 челични скалила кои водат на прошетка околу долината Хаику на Хаваите.

Биле изградени за да ѝ служат на американската армија, па затоа денес е забрането да се користат за прошетка.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=v8AH9L8qJTo&feature=emb_title[/embed]

Сепак, постојат две причини поради кои луѓето честопати се осмелуваат да ги прекршат правилата: прво, забрането е; и второ, нуди спектакуларен поглед над долината и океанскиот брег.

Неодамна, градоначалникот на Хонолулу, Рик Блангјарди, го одобри отстранувањето на скалите поради грижите за јавна безбедност и недостигот на соодветна инфраструктура.

Според него, несоодветно е да се има туристичка дестинација која поминува низ приватна сопственост, пренесува Huff Post.

-Го разбираме интереот на одредени заедници кои сакаат да ги зачуваат скалите но не можеме да ги игнорираме проблемите како што е нарушување на приватноста, можноста за повреда и целокупната јавна безбедност, нагласува градоначалникот.

Иако туристичка атракција која годишно привлекува илјадници љубители на возбуда, скалите всушност се забранети за одење и официјално беа затворени за јавност во 1987 година, делумно и зашто поминуваат преку приватен имот. Казна за одење по скалите е 1.000 долари.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk