logo
logo
logo

Ја ПОТРОШИЛ ЦЕЛА ЖИВОТНА ЗАШТЕДА за да живее како ХОБИТ (ФОТО)

Vecer | 21.09.2021

Ја ПОТРОШИЛ ЦЕЛА ЖИВОТНА ЗАШТЕДА за да живее како ХОБИТ (ФОТО)

Николас Џентиле, 37-годишен обожавател на книгите на Толкин, одлучил да направи повеќе отколку само да чита за животот на неговите омилени ликови од Хобитот, па и самиот почнал да живее како Хобит.

Тој е  слаткар по професија и отсекогаш бил љубител на фикцијата, но во еден момент читањето и замислувањето на светот и ликовите што толку многу ги сакал, веќе не било доволно. Николас бил уморен да доживува туѓи авантури, па затоа одлучил да биде лик во негова лична авантура - да започне да живее како Хобит.

„Пред некое време сфатив дека книгите и филмовите веќе не се доволни за да ја задоволам страста за жанрот фантазијата“, изјави Николас за Гардијан.

Во 2018 година, тој купил два хектари земја во ридското село Абруцо, во централна Италија, и започнал да гради своја куќа, исто како и за Хобитот.

Оттогаш тој и неговото семејство живеат таму, облечени како Хобити, танцуваат, пеат и подготвуваат домашни оброци. Тие се забавуваат толку многу што сакат  да ја прошират својата приказна и да привлечат други љубители на епската фикција.

37-годишникот не откри колку чини неговата хобит куќа и земјиштето околу неа, но рече дека на нив ги потрошил речиси сите животни заштеди.

Тој сега сака да собере околу 1,7 милиони долари за да изгради хобитско село со целосна големина.

„Целта на овој проект не е да се оствари профит“, рече Николас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk