logo
logo
logo

ФБИ АГЕНТ ОТКРИВА: Еве како да препознаете дека си имате работа со паталошки лажго!

Vecer | 19.09.2021

ФБИ АГЕНТ ОТКРИВА: Еве како да препознаете дека си имате работа со паталошки лажго!

За терминот паталошки лажго, имаме чуено речиси сите. А голем дел од нас сме имале и контакт со таков човек, иако често пати треба да помине време за да ги забележите симптомите. Според ФБИ агентот Лара Кваи постои начин како лесно да ги препознаете овие луѓе доколку ги следите нејзините совети.

Таа работела како агент на ФБИ 23 години и вели: „Секогаш има сигнали кои ги откриваат намерите на луѓето, само треба правилно да ги интерпретирате“.

Еве ги нејзините совети кои ќе ви помогнат да утврдите дали луѓето ја кажуваат вистината или лажат.

Воспоставете врска

Искуството покажа дека „добриот полицаец“ има повеќе успех отколку „лошиот“. Ако сте емпатични во разговорот, лицето ќе ви се отвори побрзо.

Изненадете ги

Лицето кое ве лаже може да вежба однапред да одговори на некои прашања за да изгледа природно и инстинктивно. Прашајте ги нешто што не очекуваат и лажговците ќе се збунат.

Слушајте повеќе отколку што зборувате

Лажговците кажуваат повеќе од искрените луѓе затоа што сакаат да ја придобијат „публиката“. Под стрес, тие ќе зборуваат побрзо, погласно и ќе го изгубат природниот тон на гласот.

Покрај тоа, кашлањето е исто така еден од симптомите на лажење. Ако вашиот соговорник има еден од симптомите, тоа не мора да значи дека лаже, но ако сите тие се обединети, можно е да имате работа со лажго.

Забележете како велат „не“

„Не“ е клучниот збор кога некој се обидува да ве лаже. Лицето што ве лаже ќе каже „не“ и ќе погледне во друга насока или ќе ги затвори очите и ќе каже „не“ со двоумење.

Следете ги промените во однесувањето

Ако некое лице одеднаш започне да губи сеќавање за некои работи, тој одговара кратко и зборува формално – веројатно лаже. Покрај тоа, прекумерните суперлативи се очигледен знак на промена во однесувањето.

Побарајте да ви ја раскаже приказната наназад

Луѓето кои ја кажуваат вистината лесно ќе ви ги кажат сите факти, без оглед за кој период зборуваат. Лажговците се сеќаваат на нивните приказни онака како што ги замислувале и знаат да ги раскажат само по тој редослед.

Обрнете внимание на комплиментите

Ако некој премногу сака да остави добар впечаток, се согласува со вашите ставови и постојано ве фали – веројатно ве лаже.

Поставувајте дополнителни прашања

Кога истражувате понатаму, поставете дополнителни прашања и детали, луѓето лесно ќе даваат одговори ако немаат што да кријат. Ако лажат, не можат да бидат подготвени за сè.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk