logo
logo
logo

(ВИДЕО) Најбрзиот човечки калкулатор: Кога имал 5 години го удрил камион, а сега мозокот му работи 10 пати побрзо

Vecer | 18.09.2021

(ВИДЕО) Најбрзиот човечки калкулатор: Кога имал 5 години го удрил камион, а сега мозокот му работи 10 пати побрзо

Приказната за 21 годишниот Нелаканта Бану Пракаш од Индија деновиве го обиколи светот. Имено, Бану кога имал само 5 години доживеал несреќа додека возел скутер со братучедот. Нив ги удрил камион и тој ја удрил главата на земја. Според Си-Ен-Ен, му била дијагностицирана фрактура на черепот и добил 85 конци. Му биле извршени и неколку операции пред лекарите да го стават во хемиски предизвикана кома.

Тој се разбудил откако поминал скоро седум дена во кома, и му било кажано дека може да има проблеми со меморијата до крајот на животот поради повредите. Следната година ја поминал закрепнувајќи во кревет.

За време на закрепнувањето, Бану научил да игра шах и да решава загатки за да му „работи“ мозокот, а потоа започнал да се занимава со математички проблеми.

– Се сеќавам на болката… тоа беше најтрауматското искуство што го имав во мојот живот. Не можев да одам на училиште една година. Морав да се потпрам на загатки и бројки за да бидам подобар, вели овој млад човек.

Несреќата оставила голема лузна на главата. За да не се потресеува поради раната, неговите родители ги отстраниле сите огледала во куќата една година. Сепак, тој бил решен да не биде дефиниран од несреќата.

– Се наметнував да вежбам во што сум добар и сакав да се докажам – објасни тој.

Мозок на генијалец

Па така денес, Бану е најбрзиот човечки калкулатор, бидејќи неговиот мозок ги обработува броевите 10 пати побрзо отколку во случај на обична личност.

Колку е 869.463.853 по 73? Додека обичниот човек веќе би посегнала по калкулатор, 20-годишниот Бану веќе го знае одговорот на тоа прашање.

Резултатот е 63.470.861.269, а на Бану му беа потребни само 26 секунди за да ја пресмета оваа бројка во неговата глава.

Како што вели, покрај неговиот талент, неговите методи, кои тој самиот ги практикувал, му помагаат и на овој млад човек во пресметувањето на толку комплицирани броеви.

Бану освои златен медал на Олимписките игри во менталните спортови во Лондон на 15 август, но како што вели, не било лесно да се достигнат такви способности.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=kzFWNB6uLos[/embed]

Првиот негов медал

Како седумгодишно момче, Бану го освоил третото место на државниот натпревар во 2007 година за „брза аритметика“. Она што оставило силен впечаток кај него биле солзите на неговиот татко.

– Татко ми не плачеше поради медалот, туку за сè што поминав за да стигнам таму – вели овој математички генијалец.

Следувале успеси, а во 2011 година победил на државниот натпревар по аритметика. Кога имал 13 години, тој ја претставувал Индија на светските натпревари и соборил дури четири рекорди за најбрза пресметка, множење, супер одземање и умствена математика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk