logo
logo
logo

95- годишен милионер го оставил целото богатство на својот град, но под еден услов

Vecer | 02.01.2025

95- годишен милионер го оставил целото богатство на својот град, но под еден услов

Милионерот Марселин Артур Шај, кој поголемиот дел од својот живот го поминал во француската општина Турет, целото свое богатство го остави во родниот град под услов да се искористи за изградба на центар за стари лица, кој ќе може да прими до 10 луѓе, а ќе биде завршен до 2026 година.

Севкупно, Марселин ѝ остави на општина Турет 2,5 милиони евра: 2.187.301 евра тековни сметки и 338.186 евра од полиси за животно осигурување.

По објавувањето на донацијата, градоначалникот Камил Буж даде изјава:

- Овој објект не смее да има намена за остварување профит, туку строго социјален. Можеме да се сметаме за среќни поради ова наследство и да изразиме благодарност, можеме да застанеме и да плескаме во спомен на покојниот господин Ше - пишува Дејли Меил.

Мештаните, наводно, биле трогнати од веста, бидејќи наследството на Марселино добро се вклопува со репутацијата што ја имал во градот. Многумина ја забележаа неговата добрина и дарежливост во текот на неговиот живот. Еден жител, Марк, рече дека не е изненаден од донацијата, опишувајќи го Марселино како некој кој „секогаш им помагал на другите“. Друга жителка, Ана, која долги години работела како негувателка, ја пофали идејата за посветен објект за нега на стари лица. „Долго време работам со стари лица и конечно, еве една добра идеја“, рече таа.

Градот што Марселин го нарекол дом пред неговата смрт се наоѓа во планински регион во внатрешноста на Азурниот брег на југот на Франција. Според France This Way, градот понекогаш се меша со Tourrettes-sur-Loup, село лоцирано во Прованса во друг дел од регионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk