logo
logo
logo

ХАРИ ТАЈНО СТИГНАЛ ВО ЛОНДОН: Дошол да се суди и да си го врати изгубеното

Vecer | 08.04.2025

ХАРИ ТАЈНО СТИГНАЛ ВО ЛОНДОН: Дошол да се суди и да си го врати изгубеното

Принцот Хари утринава се појави во Високиот суд на долгоочекуваното правно сослушување, а пред да влезе во институцијата се сврте кон фотографите и крена два прста како знак.

Принцот Хари денеска поднесе жалба против одлуката на Високиот суд со која беше одбиено неговото барање да биде придружуван од вооружени телохранители кога е со своето семејство во Велика Британија. Во 2024 година, судијата на Високиот суд ја отфрли тужбата на Хари против Министерството за внатрешни работи во врска со безбедносните аранжмани за него и неговото семејство кога се во Велика Британија.

Адвокатите на принцот Хари рекоа дека најмладиот син на кралот Чарлс бил „издвоен“ и третиран „неповолно“ кога Високиот суд во 2020 година пресудил дека тој и неговото семејство немаат потреба од заштита, а жалбениот процес ќе трае два дена почнувајќи од денес.

Како што тврди принцот Хари, неговото семејство е под закана секогаш кога ќе одлучи да ја посети својата татковина и се плаши, како што вели, од „расизам и екстремизам“, а како еден пример го наведе инцидентот во 2021 година кога бил во посета на хуманитарен настан во градините Кју, кога едвај ги избегнал новинарите кои го бркале до неговиот автомобил.

Минатата година беше откриено дека неговата правна битка против одлуката на Министерството за внатрешни работи ја чинела владата на Велика Британија повеќе од 600.000 фунти.

Додека многумина мислеа дека можеби конечно ќе се обедини со својот татко, кралот Чарлс баш денеска отпатува во државна посета на Италија, само неколку часа пред принцот Хари да слета во Велика Британија. Да потсетиме, односите меѓу кралот и неговиот најмлад син се затегнати откако принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл решија да го напуштат кралскиот живот и да започнат нов во Америка, а набрзо почнаа и нивните правни битки.

Принцот Хари и Меган Маркл приватно го финансираат своето обезбедување, што според принцот е „неразумно“. Исто така, како што е наведено, принцот Хари е должен да ги информира 28 дена однапред доколку е во посета на Велика Британија. Поради овие перипетии, принцот Хари одбил да преноќи во Бакингемската палата во мај минатата година, бидејќи, како што изјави тогаш, не се чувствувал безбедно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk