logo
logo
logo

Колку минути во просек ТРАЕ ДОБАР СЕ*С?

Vecer | 16.08.2021

Колку минути во просек ТРАЕ ДОБАР СЕ*С?

Судејќи според резултатите од различни истражувања, сексот е една од работите во кои слоганот „колку подолго, толку подобро“ дефинитивно не важи, туку „се што е добро, трае кратко“.

Според MindBodyGreen, односот трае околу 5,4 минути пред мажот да заврши, според студијата на хетеросексуални двојки од пет различни земји.

Според истражувањето на сексуални терапевти, три до 13 минути се сметаат за нормално времетраење на секс. Покрај тоа, на просечната жена и требаат околу 13 минути за да доживее оргазам за време на сексот со мажи, а покрај тоа и се потребни и други активности - не само пенетрација.

Парови во долгогодишните врски откриле дека нивната предигра трае 11 или 13 минути, а сексот во просек по седум. Исклучок од ова правило може да бидат жените кои имаат секс со жени. Една студија од 2014 година покажала дека просечното време на секс е 30 до 45 минути кај жените во истополови врски, и во споредба со 15 до 30 минути за мешани врски и врски меѓу мажи.

Не постои одредено време со кое сигурно ќе постигнете добар оргазам и поради што на крајот ќе можете да кажете дека сексот бил одличен.

Сепак, сексуалните терапевти велат дека постои просек кој се покажал како добар за двете страни, а тоа е 7 до 13 минути. Една до две минути се сметаат за премногу кратки, три до седум минути се соодветни, а 15 до 30 минути се сметаат за премногу долги. Сите бројки, се разбира, варираат од личност до личност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk