logo
logo
logo

ТРОПСКИ ВИРУС СЕ ШИРИ КОН ЕВРОПА, предупредуваат научниците

Vecer | 27.05.2026

ТРОПСКИ ВИРУС СЕ ШИРИ КОН ЕВРОПА, предупредуваат научниците

Вирусот Чикунгуња (Chikungunya), тропска болест која ја пренесуваат комарците, би можел да се прошири низ Европа и Северна Америка во текот на следните децении, предупредуваат научниците. Досега оваа болест главно беше ограничена на тропските и суптропските предели на Јужна и Централна Америка, Карибите, Југоисточна Азија и Африка, но климатските промени создаваат сè поповолни услови за ширење на пренесувачите на заразата.

Климатските промени како главен фактор

Истражувањето на кинескиот Универзитет за традиционална медицина „Жеџијанг“ (Zhejiang) покажува дека порастот на температурите придонесува за ширење на две видови комарци кои го пренесуваат вирусот – египетскиот (жолтотрескавичен) комарец и азискиот тигрест комарец.

Токму азискиот тигрест комарец предизвикува најголема загриженост бидејќи може да преживее и во постудени краишта.

„Затоплувањето на климата ќе им овозможи на овие комарци да населат подрачја кои досега беа премногу студени за нив со цел да опстанат. Кога ќе се одомаќина таму, расте и можноста за локално пренесување на болеста“, предупредува авторот на студијата, д-р Јанг Ву, пренесува Daily Mail.

Симптоми и сериозност на болеста

Иако Чикунгуња ретко завршува со смртен исход, таа може да предизвика исклучително силни и долготрајни болки во зглобовите, поради кои заболените со месеци отежнато одат или едвај ги извршуваат секојдневните активности.

  • Името на болеста на јазикот Кимаконде значи „да стане свиткан (искривен)“, што сликовито го опишува положба на телото на пациентот предизвикана од силните болки.
  • Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), оваа година се забележани околу 33 илјади случаи, а болеста се смета за една од најзанемарените тропски инфекции.

Научниците проценуваат дека ризичните подрачја денес опфаќаат дури 139 држави и региони, што претставува повеќе од една петтина од вкупната копнена површина на Земјата.

Моделите сугерираат дека до крајот на векот, нови жаришта би можеле да бидат централна Европа, североисточна Северна Америка и источна Азија. Затоа, експертите ги повикуваат здравствените системи навреме да се подготват со следење на популациите на комарци, едукација на лекарите и зајакнување на мерките за контрола на инсекти. Иако Велика Британија не е идентификувана како големо идно жариште, бројот на случаи таму веќе се зголемува. Во 2024 година, повеќе од сто случаи беа потврдени кај патниците што се враќаа од Индија, Пакистан и Бразил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk