logo
logo
logo

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ викендов да си ги наместите часовниците - стрелките се враќаат наназад

Vecer | 23.10.2025

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ викендов да си ги наместите часовниците - стрелките се враќаат наназад

Преминот на зимско сметање на времето ќе се случи во ноќта меѓу сабота и недела, на 25 кон 26 октомври 2025 година. Во 3 часот по полноќ, стрелките ќе се вратат еден час наназад, односно на 2 часот.

Интересно е што оваа промена ќе се случи нешто порано отколку претходните години. Последен пат зимското сметање на времето на овој датум беше воведено пред повеќе од една деценија.

Причината за ова „поместување“ лежи во правилото дека зимското сметање на времето секогаш започнува последниот викенд од октомври. Бидејќи секоја година календарот паѓа различно, така се менува и точниот датум.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk