Британското кралско семејство повторно е во центарот на вниманието со убави вести. Принцезата Јуџин и нејзиниот сопруг Џек Бруксбенк официјално потврдија дека нивното семејство наскоро ќе стане побогато за уште еден член.
Добрата вест принцезата ја сподели со своите следбеници на Инстаграм преку емотивна фотографија на која се гледаат нејзините два сина, Август и Ернест. Малите принцови на фотографијата љубопитно го разгледуваат ултразвучниот преглед, симболично запознавајќи се со новиот член на семејството.
„Бебето Бруксбенк доаѓа во 2026 година!“, напиша кратко Јуџин под објавата, потврдувајќи дека приновата се очекува во текот на следната година. Ова ќе биде трето дете за двојката, која веќе ги има синовите родени во 2021 и 2023 година.
Среќната вест пристигна во вистински момент, веднаш по прославата на 40-тиот роденден на Џек Бруксбенк, со што семејството доби двојна причина за славење и голема возбуда во претстојниот период.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата