Јаболковиот оцет е омилен кај луѓето кои се стремат да водат здрав начин на живот, но е од интерес и за научниците кои сакаат да ги откријат сите негови придобивки.
Во последните години беа спроведени голем број истражувања кои покажаа дека јаболковиот оцет најдобро се зема пред оброците, но попладне.
Растворот од јаболков оцет и вода помага во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта, промовира губење на тежината и дополнително ја зголемува апсорпцијата на железо.
Истражувањата покажуваат дека секојдневното консумирање на 20 мл јаболков оцет разреден со вода може да донесе многу здравствени придобивки. Сепак, постои едно важно правило – пијалакот треба да се конзумира пред оброк. Еве како може да помогне:
Одржува стабилно ниво на шеќер во крвта – истражувањето објавено во 2013 година во Журналот за функционална храна покажа дека оцетната киселина го инхибира варењето на јаглехидратите во дигестивниот тракт, што го прави непроценливо за пациентите со дијабетес тип 2.
Друго истражување објавено во 2011 година во Diabetes Care покажува дека јаболковиот оцет може да им помогне и на луѓето со дијабетес тип 1.
Ја намалува телесната тежина – оцетот го зголемува чувството на ситост, но анализите покажуваат дека производите со висока концентрација на оцетна киселина даваат најдобри ефекти.
Ја зголемува апсорпцијата на железо – истражувањето објавено во 2002 година во Журналот за земјоделска и хемикалија за храна покажа дека јаболковиот оцет ја зголемува апсорпцијата на железо на ниво на цревата.
Најголем бенефит добиваме од консумирањето јаболков оцет кога го земаме пред оброците. Експертите сметаат дека смесата со оцет и вода треба да се пие веднаш пред јадење, а не неколку часа пред.
Од друга страна, пиењето оцет на празен стомак пред појадок не е добра идеја.
Ова правило особено се однесува на пациенти со стомачни и цревни заболувања, но важно е да се запамети дека јаболковиот оцет на празен стомак може да предизвика киселини, лошо варење или болки во стомакот кај секого.
Од истите причини, не треба да се зема навечер. Најдобро е смесата да се пие пред ручек или пред рана вечера.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата