logo
logo
logo

Не затоа што е кинески, ЗАТОА ШТО Е МЕСТО ЗА ЛИКОВИ БОЛНО ОПСЕДНАТИ ЗА ВНИМАНИЕ - ТИК ТОК Е ОПАСЕН

Vecer | 08.06.2025

Не затоа што е кинески, ЗАТОА ШТО Е МЕСТО ЗА ЛИКОВИ БОЛНО ОПСЕДНАТИ ЗА ВНИМАНИЕ - ТИК ТОК Е ОПАСЕН

Студија спроведена од британската медиумска компанија „The Guardian“ покажа дека повеќе од половина од најпопуларните видеа за ментално здравје на платформата „Tik-Tok“ содржат дезинформации.

Експертите ги оценија 100-те најгледани видеа под хаштагот „#mentalhealthtips“, откривајќи дека 52 од нив се неточни, збунувачки или бескорисни.

Истражувањата покажаа дека инфлуенсерите често шират дезинформации, нудејќи „брзи решенија“, злоупотребувајќи терапевтски јазик и пропагирајќи нереални совети.

На пример, некои видеа сугерираат дека јадењето портокал под туш може да ја намали анксиозноста, додека одредени додатоци се препорачуваат како решение за ментални проблеми, и покрај недостатокот на докази за нивната ефикасност.

Психијатрите и психолозите, вклучувајќи ги Дејвид Окита и Ден Поултер, истакнаа дека ваквите видеа не само што шират дезинформации, туку и ги тривијализираат сериозните ментални болести.

Полтер додаде дека многу од овие видеа „несоодветно“, нестручно и извитоперено ги прикажуваат секојдневните емоции, што може да доведе до забуна и да создаде лажна слика за сериозноста на менталните болести, да создаде примена која е штетна за менталното здравје, лажна паника, или лажна надеж на човек со ментални проблеми кој се наведува на погрешен пат и кон влошување на состојбата.

Чи Онвура, претседател на технолошкиот одбор, истакна дека алгоритмите на Тик-Ток ги засилуваат потенцијално штетните совети за менталното здравје.

Викторија Колинс од Либералните демократи повика на итна регулатива за заштита на јавноста од вакви дезинформации.

ТикТок одговори на критиките, велејќи дека активно соработува со здравствени експерти, вклучувајќи ја Светската здравствена организација и Националната здравствена служба, за промовирање точни информации и отстранување на штетна содржина.

Платформата додаде дека отстранува 98 проценти од штетните дезинформации пред да бидат пријавени.

Овие студии и повици за акција ја истакнуваат потребата од построги закони и прописи за да се обезбеди точноста и безбедноста на информациите споделени на социјалните медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk