logo
logo
logo

Ја изневерил со сестра ѝ, а таа не можела да го остави: ЉУБОВ, БОЛКА И ИНСПИРАЦИЈА

Vecer | 23.05.2025

Ја изневерил со сестра ѝ, а таа не можела да го остави: ЉУБОВ, БОЛКА И ИНСПИРАЦИЈА

Најпознатата уметница, Фрида Кало, го сакала Диего Ривера толку многу што не можела да го остави и покрај сите  неговите афери, меѓу кои и онаа со нејзината сестра. 

Уметницата Фрида Кало еднаш напишала: „Диего, те сакам повеќе од себеси. Дури и ако ти не ме сакаш исто, доволно ми е што ме сакаш малку.“ Нивната љубов беше голема, но и полна со болка. Тоа беше една од најтешките љубовни приказни од минатиот век.

Животот на Фрида беше обележан со два големи настани. Првиот е тешката сообраќајна несреќа, а вториот е нејзиниот сопруг Диего Ривера.

Тој бил уметник, славен и многу постар од неа. Кога се запознале, Фрида била многу млада. Тој веќе имал брак зад себе, но бил шармантен и интересен. Тие се заљубиле и набрзо се венчале.

Фрида многу го сакала. Тој бил и нејзина инспирација и нејзина најголема слабост. Диего постојано бил со други жени.

Дури и на патувањето кое требало да биде како меден месец, Фрида открила дека тој е неверен. Таа не го оставила. Наместо тоа, таа почнала да ја слика болката и тагата што ги чувствувала.

Нејзините слики се полни со емоции. Таа исто така го изневерувала, и со мажи и со жени. Најголемиот удар ѝ бил кога Диего спиел со нејзината сестра, Кристина. Потоа таа го оставила. Тие се развеле во 1939 година.

Сепак, тие не можеле еден без друг. Една година подоцна, тие повторно се венчале. Фрида била болна, не можела да има деца, имала спонтани абортуси, но не престанала да се бори.

Таа била силна и храбра до крајот на својот живот. Последен пат се појавила јавно на протест, седејќи во инвалидска количка, но држејќи ја тупаницата високо во знак на борба.

Фрида Кало почина во 1954 година. Денот пред нејзината смрт, таа му подарила на Диего прстен за годишнината од бракот. Таа била многу болна, но не ја заборавила својата љубов.

По нејзината смрт, сведоци велат дека Диего зел малку пепел од нејзината урна и го изел. Како да сакал да ја задржи во себе засекогаш.

Три години подоцна, и тој починал.

Двајцата се сакале многу, многу страдале, но не можеле да живеат еден без друг. Нивната приказна останува запаметена како една од најпосебните и најтажните во светот на уметноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk