logo
logo
logo

Дала отказ од работа за да го дои својот дечко на секои 2 часа: Се уште не сум подготвена да го дојам во јавност!

Vecer | 20.06.2021

Дала отказ од работа за да го дои својот дечко на секои 2 часа: Се уште не сум подготвена да го дојам во јавност!

Доењето како најприроден начин на хранање на бебињата сепак не е карактеристично само за мајките. Постојат жени кои дојат и возрасни луѓе и затоа честопати се мета на критики и навреди. Една од нив е Џенифер Малфорд од Атланта која во оваа пракса ужива со својот партнер.

-Кога прочитав дека доењето им носи чиста радост на другите очајнички барав партнер со кого би делеле ваква емоционална врска, изјавила таа.

Џенифер во 216та година станала дел од заедницата на жени кои ги дојат своите партнери а и поради тоа ја напуштила работата во угостителството. Имено, таа дала отказ се со цел да е почесто дома секогаш кога на партнерот ќе му биде потребна храна.

Еротска лактација постои уште од ренесансата

-Кога прочитав за врската која доењето ја создава меѓу двајца луѓе искрено бев љубоморна, раскажува Џенифер.

Доењето на возрасни или еротска лактација не е нов феномен. Имено, овој феномен се практикувал во време на ренесансата. Во современото општество е табу тема. Но луѓето како Џенифер не сакаат да молчат за доењето бидејќи како што велат оваа пракса им го променила животот.

Таа најпрвин барала партнер за доење на интернет форумите каде доењето возразни се смета за нормална појава но никој не ја контактирал. На крај, нејзиното поранешно момче Бред со кого е повторно во врска решил да стапи во контакт со неа и да проба ваков вид на однос.

-И двајцата го сакавме истото од нашата врска – магичната поврзаност на доењето, изјавила таа.

Распоредот на доењето е како кај новороденчињата

Иако доењето изгледа како лесна работа, сепак не е – особено земајќи го во предвид фактот дека Џенифер ги родила своите деца пред да наполни 20 години. Потребен е распоред за доење како кај новороденчињата, односно таа треба да го дои својот партнер на секои два часа се со цел млекото да почне да тече.

Па поради тоа, таа решила да даде отказ од работа и да се посвети целосно на доењето.

-Станува збор за посебна врска, поголема блискост, двајца луѓе кои стануваат едно, доодава Џенифер.

Иако имаа посебна врска, сепак Џенифер не е подготвена да го дои Бред во јавност. Имено, Бред веќе одамна е спремен на овој чекор.

-Јас сум многу отворен за оваа опција. Немам намера да задоволувам други. На крајот на денот, јас сум своја личност. Сакам јас и Џенифер да сме среќни, заклучил тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk