Апликацијата за запознавање „Бамбл“ (Bumble) лансираше нов термин во светот на романсите – „вандерлав“ (wanderlove). Овој феномен означува пронаоѓање љубов за време на патување, каде што партнерите влегуваат во кратка, но исклучително интензивна романса која трае колку и самиот одмор.
За некои ова е само безгрижна летна авантура и убав спомен, но за други претставува почеток на подлабока емотивна врска, поради што експертите советуваат јасна комуникација за намерите уште на самиот почеток.
Кога авантурата ќе прерасне во врска на далечина
Иако повеќето луѓе влегуваат во „вандерлав“ без големи очекувања, не е реткост чувствата брзо да се развијат. Кога одморот ќе заврши, ваквите романси често продолжуваат како врски на далечина. Додека за дел од паровите ова е возбудлив предизвик и нова можност, за други носи притисок, логистички проблеми и постојана неизвесност за иднината.
Ризикот од скршено срце во реалниот живот
Најголемата замка на овој тренд е брзата емотивна приврзаност. Новата средина, опуштената атмосфера и заедничките патувања создаваат лажно или забрзано чувство на длабока блискост.
Проблемот настанува при враќањето во реалноста и секојдневната рутина, кога многумина сфаќаат дека се заљубиле многу повеќе отколку што планирале, што често води до разочарување и скршено срце кај едниот партнер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата