logo
logo
logo

„Уживам да готвам и чистам, СОПРУГОТ НОСИ ОДЛУКИ И ПАРИ“

Vecer | 10.06.2021

„Уживам да готвам и чистам, СОПРУГОТ НОСИ ОДЛУКИ И ПАРИ“

Синтија Ловен, поранешна Мис на Канада, е една од многуте жени кои се приклучија на движењето „Tradwife “, каде што жените се откажуваат од кариерата и стануваат домаќинки. Пред неколку години, Синтија реши да ја напушти  медицината и растечката кариера. Таа сподели на социјалните мрежи дека се чувствува подобро бидејќи е посветена на одржување на својот дом.

- Пред неколку години, навистина бев фрустрирана од својот живот. Немав потреба да станам шефица, чувствував дека треба да станам жена и домаќинка, иако требаше да бидам лекар - објасни таа.

По бракот, Синтија и нејзиниот сопруг се согласиле дека таа ќе ја преземе целата грижа за заедничкиот дом, додека тој ќе оди на работа.

- Мојот сопруг е тој што заработува пари, додека јас се грижам за домот. Тоа е нешто што ме исполнува, многу повеќе од работата како лекар - рече таа.

Го оставив да биде одговорен за сè, иако ми е малку потешко, бидејќи јас сум многу тврдоглава личност - вели Синтија.

Таа и нејзиниот сопруг наскоро ќе станат родители. Сепак, дури и бременоста не ја присилила Синтија да ги менува своите секојдневни навики - денот го започнува со одење во теретана, потоа го шета кучето, а потоа се посветува на средување на домот.

- Кој би рекол дека чистењето ќе ми донесе задоволство - прокоментира оваа домаќинка, чиј сопруг секогаш го чека вечера кога ќе се врати дома.

- Ако доцни, ќе му спакувам вечера и ќе одам да спијам. Колку повеќе ја гледате работата на домаќинка како вистинска работа, толку повеќе ќе уживате да ја работите, тоа е работа како и секоја друга - рече таа.

Синтија отворено зборува за тоа како е да се биде домаќинка на својот Инстаграм профил, а таа негодуваше за тоа што, како што рече, жените како неа не се доволно застапени во медиумите.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk