logo
logo
logo

Македонскиот јутубер Стефонатор со солзи во очи: „Го победив туморот - изгледа конечно заврши овој хорор“

Vecer | 07.06.2021

Македонскиот јутубер Стефонатор со солзи во очи: „Го победив туморот - изгледа конечно заврши овој хорор“

„Знам дека треба во моментов многу да славам и треба многу да се радувам и се радувам, ова се солзи радосници. Уште не ми е реално...“, младиот македонски јутјубер Стефонатор со солзи во очите објави дека го победи туморот на тестисите.

Стефан од Скопје, познат како Стефонатор (23) e еден од нашите најуспешни јутубери, a ја водеше најтешката животна битка.

Тој претходно преку емотивни исповеди објавуваше детали од самата дијагноза и за терапијата.

Во првото видео кога објави за дијагнозата, тој кажа дека нема друг избор освен да биде храбар и да го изоди патот насмеан, без разлика што на моменти ќе има и солзи и револт кон животот зошто се случи тоа што се случи, а сега може да се каже дека неговите зборови се остварија.

Како што посочува во најновото видео, по двете извршени операции биле направени првични испитувања што покажале дека нема никакви туморски клетки.

Овој наод бил направен, како што вели, пред две до три недели, но чекал да се направи уште едно испитување за да ги сподели информациите на неговиот YouTube канал.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=SBYM8nrTePg&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk