logo
logo
logo

За 20 долари можете да спиете во станот на Рејчел и Моника од "Пријатели"

Vecer | 17.05.2021

За 20 долари можете да спиете во станот на Рејчел и Моника од "Пријатели"

Набргу по објавувањето на официјалниот датум на премиерата (27 мај) на новата епизода на популарните „Пријатели“, њујоршката реплика на станот и другите простории каде што беше снимена една од најпознатите американски серии, стана популарна на „Букинг“.

Иако внатрешните сцени на серијата беа снимени во студио во Лос Анџелес, надворешноста на зградата беше снимена во Њујорк – на улица каде што е можно да се посети „The Friends Experience“. Посетителите имаат пристап до 18 соби кои содржат реквизити од станот и каде што е можно да се реконструираат најпознатите сцени од серијата.

Можете да го посетите станот на Рејчел и Моника, да уживате во удобните фотелји на Чендлер и Џои или да играте фудбалче во нивниот стан, но исто така може да пробате и некои од оригиналните костуми прикажани во текот на десетте сезони од серијата.

За посетителите навечер се организира и посебна вечера, а наутро можат да уживаат во кафе и колачи во познатиот Централен Перк – каде редовно се собираа шестемина главни ликови на мегапопуларната серија која го освои светот.

Цената за една ноќ е 19,94 УСД (бидејќи првата епизода на серијата беше премиерно прикажана во 1994 година), а посетителите е можно да се задржат најмногу две ноќи по ред.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk