logo
logo
logo

Починал по 40 дена за време на ПРЕДИЗВИК БЕЗ ХРАНА И ВОДА:

Vecer | 13.05.2021

Починал по 40 дена за време на ПРЕДИЗВИК БЕЗ ХРАНА И ВОДА:

Виталиј Виграновски (38), јутјубер од Русија, си поставил предизвик кој заврши трагично. Тој сакал да провери колку долго еден човек може да преживее без храна и вода, но неговото тело не можело да го издржи предизвикот.

Поминал 10 дена во дивина затоа што, како што рекол, го вознемирувале градските гужви и вревата. Поминале уште 10 дена, а потоа ги известил своите следбеници дека нема енергија за физичка активност и дека изгубил тежина, но дека има чувство на ситост.

Почнал да се чувствува полошо, но тоа не го спречило да го продолжи својот експеримент. Тој рекол дека тоа е игра што самиот ја прифатил и дека му било интересно да ги следи промените што се случуваат од ден на ден.

- Телото е целосно обновено, секоја ќелија - рекол Виграновски, кој за жал починал по 40 дена од овој предизвик.

Иако се претпоставува дека неговото тело повеќе не можело да го трпи тоа страдање, лекарите сè уште не потврдиле дека експериментот бил причина за смртта, пренесува Anews.

https://youtu.be/2EAxuPcmWZQ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk