logo
logo
logo

„Досие Пица“: Како падна вистинскиот КУМ НА МАФИЈАТА

Vecer | 11.05.2021

„Досие Пица“: Како падна вистинскиот КУМ НА МАФИЈАТА

Пред 37 години, во април 1984 година, ФБИ уапси еден од најозогласените мафијашки босови – односно може да се каже вистинскиот кум на мафијата. Неговото име е Гаетано Бадаламенти и беше познат како шеф на сицилијанската мафија.

На Сицилија започна да работи во 1963 година. Тој ја искористи првата мафијашка војна и убиството на Чезаре Манзела за да ја преземе фамилијата Чинизи. Дотогаш, тој веќе имаше богато досие, вклучувајќи и пресуда за убиство. Тој беше недопирлив повеќе од една деценија, бидејќи имаше одлични односи со карабинерите и переше пари преку градежни компании и други „легални работни места“.

Иако беше „протеран“ од Сицилија од своите непријатели во 1978 година, Бадаламенти продолжи да го води еден од најсилните нарко картели во светот. Тој не се сместуваше никаде, постојано беше во движење, а полицијата му влезе во трага само кога реши да патува во Мадрид со својата сопруга и најстариот син.

Таму се среќава со Пјетро Алфан, негов братучед кој беше неговата главна алка до американскиот пазар. Пјетро пристигна со авион од Чикаго да се сретне со Гаетано.

Самиот Пјетро, ​​исто како и Бадаламенти, не беа свесни дека шпанската полиција веќе им влезе во трага. ФБИ ги извести дека се сомневаат дека тој се наоѓа на шпанско тло. Кога двајцата се сретнаа на улиците во Мадрид на 8 април 1984 година, веднаш беа уапсени, а набрзо потоа и неговиот син.

Следниот ден, ФБИ состави коцките и уапси скоро 30 членови на мафијата кои работеа „деловно“ на американско тло. По тој повод, запленета беше поголема количина на дрога, пари, оружје, но и куп документи, што преставуваше непроценливо значење за истрагата.

Во акција падна и Салваторе „Тото“ Каталоно, сопственик на пекара во Квинс и важна фигура од фамилијата Бонано која го го држеше Њујорк. Каталоно беше главната алка на Бадаламенти со американската мафија и лидер на неговиот тим во САД. Тој држеше група имигранти од Сицилија кои беа познати како Зипси.

Судењето на мафијашите започна дури во октомври 1985 година. Беше подигнато обвинение против 22 Сицилијанци. Истрагата траеше болно 16 месеци, проследена со едно од најдолгите судења во историјата на САД.

Двајцата се изјаснија за виновни и добија благи казни. Еден беше брутално убиен, а постои сомневање дека тој бил колатерална штета на затегнатите односи меѓу Каталонците и Бадаламени. Алфано и беше застрелан како одмазда, но за чудо го преживеа нападот. На крајот, пресудата беше донесена против само 19 члена во март 1987 година.

Државните обвинители, вклучувајќи го и Луис Фриш, човекот кој подоцна ќе стане директор на ФБИ, ги обвинија Сицилијанците дека се дел од опасна мрежа за наркотици што работи на дури четири континенти.

Според истрагата групата набавувала морфиум од Турција, произведувала хероин во Сицилија, а потоа го шверцувала во САД, каде што се продавал во пицерии и други продавници во сопственост на мафијаши - од Њујорк до Илиноис и Висконсин. Додека кокаинот бил шверцуван од Јужна Америка.

Од јануари 1975 година, до април, кога беше уапсен Бадаламенти, оваа група шверцувала хероин вреден 1,6 милијарди долари. Переле пари на различни начини, преку мрежа на банки и брокери ширум светот.

Судскиот процес против нив беше наречен „Досие пица“ со оглед на тоа што дрогата се продавала главно во пицерии.

Џо Пистоне, агент на ФБИ, е тој кој успеа да се инфилтрира во фамилијата Бонано во 1976 година и да им обезбеди на своите колеги клучни докази кои помогнаа во апсењето на главните актери. Како што се ширеше истрагата, во приказната се вклучија и инспектори од ДЕА, Царина, но и агенти на ФБИ во Италија, Шпанија, Швајцарија, Турција, Бразил, Канада, Велика Британија, Германија, но и во Мексико и Сицилија.

Собирањето докази траеше повеќе од четири години. Тие постојано ги следеа и снимаа членовите на картелот на повеќе континенти. Некои беа следени 24 часа на ден. Следени беа илјадници телефонски повици кои им зададоа најмногу главоболки затоа што сите зборуваа сицилијански и користеа кодови за договор за работата. Преводот на англиски јазик беше вистинска болка, така што цели тимови преведувачи учествуваа во дешифрирањето на тие разговори.

Сепак, напорот се исплатеше на крајот. 18 од 19 обвинети беа осудени, само синот на Гаетано, Вито беше помилуван, а Бадаламенти и Каталоно добија тешки затворски казни - по 45 години.

Бадаламенти почина во 2004 година од срцев удар на 80-годишна возраст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk