logo
logo
logo

ИСПОВЕД: Се откажав од дрогата, но еден викенд ме сруши! Се вратив на иглата, а со неа дојде и пеколот!

Vecer | 10.05.2021

ИСПОВЕД: Се откажав од дрогата, но еден викенд ме сруши! Се вратив на иглата, а со неа дојде и пеколот!

За Иванка Мариќ од Хрватска, ретко кој може да претпостави дека зад себе има 20 години борба со зависноста. Таа почнала да консумира наркотици од рана возраст, кога имала само 12 години, а денес, 23 подоцна е на добар пат кон закрепнување.

Впрочем, таа во животот имала многу подеби и падови кога станува збор за борбата со зависноста, но денес најголем мотив за да се закрепне и се нејзините две мали дечиња.

-Завршив само основно училиште. Се запишав во две средни меѓутоа не завршив ниту едно. Во шесто одделение почнав да консумирам марихуана. Се дружев со постари од мене па набавката течеше без проблем. Додека бев во основно почнав да одам по забави и журки каде беше нормално да се конзумира кокаин. Хаос!, вака Иванка ја започнува својата исповед за "Слободна Далмација".

Таа и додава како не можела да биде сконцентрирана и посветена на ништо, а и постојано се карала со нејзините родители и бегала од дома.

-Бев невозможна. Мојата постара сестра беше сосема поинаква од мене. Се чинеше како да ѓаволот влегол кај мене. Јас всушност бев срамежлива и повлечена без лекови. Дрогата ме креваше, ми даваше друг карактер и тогаш бев полна самодоверба. Но, заглавив. На само 21 година завршив во Центар за рехабилитација и таму поминав две години. Бев чиста, вели таа.

Но, брзо потоа таа се вратила на старите навики.

-По рехабилитација отидов да живеам во Мостар со моето момче и таму се вработив во локален кафич. Отсекогаш сум работела во угостителство затоа што немам завршено училиште и немав документи за поамбициозна кариера. Нормално, не консумирав наркотици одма по рехабилитацијата. Најпрвин консумирав малку и тоа само за викенд. Спид таблети, бело, хероин...но никогаш претерано. Тоа ми беше некоја психолошка граница која не сакав да ја преминам. Така се убедував дека не сум зависничка, туку девојка за забава. Но, проблемот постоеше, сведочи таа.

Таа наутро не можела да стане рано, па поради тоа работела само навечер. Често и била дилер се со цел да има наркотици и за себе.

-Ги изгубив сите пријатели бидејќи им беше јасно дека нешто не е во ред со мене. Талкав цели 10 години, односно преживував. Животот ми беше ужасен, постојано бев должна, а кога бев во криза продавав се што имам – мобилен, телевизор, мебел...Единствено добро во животот ми се моите деца, за кои сега се грижат моите родители. Тие се се уште мали па поради тоа работам на себе. Сакам да бидам вклучена во нивното растење, вели Иванка.

Впрочем, таа веќе 2 години е чиста но знае дека борбата допрва ја чека.

-Сакам да завршам школо за да бидам шминкерка. Во центарот за рехабилитација се пријавив сама и ќе напуштам кога ќе се осетам дека сум подготвена за живот надвор. Сакам да бидам најдобрата мајка за моите деца. Свесна сум дека немам добро минато, но сакам да создадам убава иднина. Моментално пасија ми е готвењето. Тука дизајнирам мени за во кујна и помагам во кујна да се подготви храната. Се будам во 7 а си легнувам во 23 часот. Работам како и сите други, вежбам, се молам, пишувам дневник и ја делам собата со уште тројца цимери. Понекогаш гледаме филмови, играме карти или се шетаме, вели Иванка.

 

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk