logo
logo
logo

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон отворија свој канал на „Јутјуб“: Внимавај што збориш, се се снима! (ВИДЕО)

Vecer | 06.05.2021

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон отворија свој канал на „Јутјуб“: Внимавај што збориш, се се снима! (ВИДЕО)

„Сега мораш да внимаваш што ќе кажеш, затоа што сè се снима“, шеговито ѝ рече принцот Вилијам на својата сопруга Кејт Мидлтон на почетокот на видеото со кое го најавија лансирањето на нивниот јутјуб-канал.

Впрочем, тие отворија заеднички јутјуб-канал насловен „The Duke and Duchess of Cambridge“ и веќе имаат над 207.000 следбеници кои со нетрпение ги очекуваат новите објави на славната кралска двојка.

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=25&v=Ie3w5uvj-Eo&feature=emb_title[/embed]

Воведното видео со наслов „Добре дојдовте на нашиот официјален јутјуб-канал“ прикажува кратки инсерти за сè што следбениците ќе имаат можност да го видат во нивните следни објави.

Имено, кралската двојка ќе се обиде да ја приближи јавноста кон добрите и лошите страни на животот на високи членови на нивното семејство.

Видеото беше објавено во средата на 5 мај и за само еден ден собра повеќе од 1,032,920 прегледи. А, нивниот профил веќе го заследија над 207.000 луѓе кои внимателно ќе ги следат најновите објави.

Ова е само еден во низата чекори со кои идниот крал сака да ја модернизира монархијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk