logo
logo
logo

БЛИЗНАЧКИ ИМААТ ИСТ ДЕЧКО: Јадат и спијат заедно, а тој секогаш во средина (ФОТО)

Vecer | 27.04.2021

БЛИЗНАЧКИ ИМААТ ИСТ ДЕЧКО: Јадат и спијат заедно, а тој секогаш во средина (ФОТО)

Ана и Луси Дечинкве (35), идентични близначки од Перт, Австралија, со години исполнуваа колумни во весници со својот екстремен начин на живот. Имено, тие две се во врска со еден маж.

Бен Брн (40) несебично  го делат веќе девет години. Тие живеат заедно, спијат, имаат интимни односи и планираат деца.

Сестрите велат дека се едно лице, а со Бен се во врска од 2012 година. Тие сакаат да се венчаат, но полигамијата е забранета во Австралија од 1961 година.

Поради нивната приказна, тие биле поканети да направат реално шоу наречено „Екстремни сестри“.

- Подготвени сме отворено да ја претставиме нашата љубовна приказна. Ние сакаме да бидеме многу искрени во програмата. Мислам дека нема некој поекстремен од нас - рече Луси.

Тројцата, делат голем кревет, а Бен спие на средина. Сестрите јадат исти оброци секој ден и бидете сигурни дека јадат иста количина, вежбаат според истата програма, па дури и се тушираат заедно. Како што велат, нема љбомора кога станува збор за Бен.

- Нема љубомора во нашата врска. Ако Бен ја бакне Ана, и тој ќе ме бакне и мене - рече Луси.

- Тој нè прифаќа онакви какви што сме. Не му пречи што се облекуваме исто и дека сме заедно цело време, не ни суди. Бен доби двојна доза на љубов од нас, двојно поголемо внимание - додаде Ана.

Сестрите прво се појавија во јавноста и се прославија откако потрошија 250.000 долари на козметички процедури кои им обезбедија да бидат што е можно послични една на друга.

Овој пат, тој бил тој што го иницирал појавувањето во јавноста затоа што сакал да се слушне неговата страна од целата приказна.

- Бен сакаше да го направиме ова шоу. Луѓето исто така сакаат да слушнат што тој има да каже, како тој гледа на нашата врска и како е да се живее со две девојки - додаде Луси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk