logo
logo
logo

Згодна Русинка има Ламборџини од 258.000 долари, АМА НЕМА ЗА 199 КАЗНИ (ФОТО)

Vecer | 21.04.2021

Згодна Русинка има Ламборџини од 258.000 долари, АМА НЕМА ЗА 199 КАЗНИ (ФОТО)

Руската полиција заплени Ламборџини, кое и припаѓа на познатата руска инфлуенсерка Настја Ивлева, затоа што таа не платила дури 199 сообраќајни казни.

Настија Ивлева, е  добро познато име во Русија, се стекна со слава како водителка во познатото руско туристичко шоу „Ориол I Реша“, но пред се позирајќи за списанието Плејбој.

Казните се однесуваат на повеќе сообраќајни прекршоци, како што се пребрзо возење, паркинг, преминување на двојна полна линија. Настија Ивлева на својот Инстаграм профил потврди дека нејзиниот луксузен спортски автомобил е запленет од полицијата затоа што не платила голема сума на пари за сообраќајните прекршоци.

Но, потоа таа ги подмири своите долгови и си го доби автомобилот назад.

Иако точната бруто сума на пари за направените 199 казни не е потврдена, медиумите објавија дека нејзиниот автомобил  вреди околу 258.800 американски долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk