logo
logo
logo

Весна ВОЗИ КАМИОН 20 ГОДИНИ и сите и се чудат, а убеди девојчиња да бидат како неа

Vecer | 10.04.2021

Весна ВОЗИ КАМИОН 20 ГОДИНИ и сите и се чудат, а убеди девојчиња да бидат како неа

Весна е возач на камион и од 2003 година  и тоа е нејзин семеен бизнис. Секој ден го поминува зад воланот на камион со 450 коњи, а по нејзините стапки тргнале и неколку помлади сограѓанки.

Една од нив која сака да вози камион е и 17-годишната Јаворка Рамиќ.

- Ми се допаѓа висината на возилото, висината од која ќе возам. Токму затоа што на сите им е чудно што го  вози жена. Сакам да бидам единствена и некој што е изненаден и воодушевен, кој и да ме види, ќе рече: Жена што вози камион, ова сè уште го немам видено - раскажува Јаворка за „Прва“.

Нејзиниот сон е да крстари по автопатите ширум светот, а погледот од совозачкото седиште не ја интересира, таа сака волан.

- Ќе патувам, ќе минувам низ разни земји. Каде ќе се бањам, дали ќе се шминкам. Мислам дека е тешко возењето но мислам дека ќе успеам во тоа што го сакам - вели девојчето.

Нејзината поискусна колешка Весна го има одговорот на нејзините дилеми.

- Имаме сè во камионот. Кога ќе се вратиме дома, тогаш се бањам. Но,  јас дефинитивно имам кармин во камионот - вели Весна и додава дека машките колеги одлично реагираат кога ќе ја сретнат на патот и таа е решена само во една работа: „Како прво, треба да го сакате она што го правите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk